24фудбал

Барселона му го продолжи договорот на Валверде

Ернесто Валверде и Барселона ја продолжуваат соработката, клубот денеска потврди дека постигнале согласност за нов договор.

Шпанија

Валверде најмалку и следната сезона ќе биде тренер на Барса, а има опција и за повеќе.

„ФК Барселона и тренерот на првиот тим постигнаа согласност за продолжување на договорот меѓу двете страни за уште една сезона (2019/20) со опција за уште една (2020/21)“, стои во соопштението на Барселона.