24фудбал

Малку фалело Јирген Клоп да стане тренер на Баерн Минхен

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес открива дека тие биле многу блиску до ангажман на Јирген Клоп во 2008 година.

Лига на Шампиони

Во пресрет на дуелот од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Баерн Минхен, претседателот на германскиот клуб откри една интересна информација поврзана со Клоп.

Тој во 2008 година наместо на Борусија Дортмунд можел да стане тренер на Баерн Минхен, веќе и се договориле, но Баварците сепак на крајот се одлучиле за Јирген Клинсман.

„Лично имам високо мислење за Јирген Клоп“, вели Хенес.

„Пред многу години ние се договоривме за заедничка соработка, но на крајот сепак потпишавме со Јирген Клинсман“.

„Многу го почитувам него и неговата работа. Ќе биде тешко и за Ливерпул и за Баерн. Се надевам дека ние ќе одиме понатаму“.