24фудбал

Тотенхем ќе го награди Сон со нов договор, второ покачување на платата за една година

26 годишниот интернационалец од Северна Кореја се шпекулира дека на лето ќе биде награден со нов, побогат договор кој ќе му донесе заработка близу онаа на Деле Али, офанзивецот игра во одлична форма во тимот каде отсуствува првата ѕвезда на екипата, Хари Кејн, кој се враќа од повредата идната седмица.

Англија

Сон е на чекор до потпишување на нов договор со Тотенхем, извести Дејли Мејл, а истиот медиум пишува дека тимот од Лондон подготвува нов, побогат договор за својот фудбалер, кој, доколку се остварат најавите би добил второ покачување на платата во само една година.

Интернационалецот од Северна Кореја потпиша петгодишен договор со Премиерлигашот во јули, но челниците на клубот се подготвени да му понудат нов договор пред стартот на новата сезона.

Преговорите се очекува да почнат на лето, а Спортсмејл дознава дека Тотенхем има јасна позиција во преговорите да го постави Сон во позиција на еден од клучните фудбалери на Маурисио Покетино.

Со актуелниот важечки договор, Сон заработува околу 110,000 фунти неделно, но, со новиот договор кој се најавува, би заработувал речиси близу како Деле Али, чија неделна заработка се движи до 150,000 фунти.

И покрај тоа што е познат по тоа што е тежок преговарач, првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви често знае да ги изненади фудбалерите на таа екипа, наградувајќи ги со нови, побогати договори базирајќи се на нивната форма, а Сон, од октомври па наваму постигна 16 погодоци на 23 натпревари во сите конкуренции за Тотенхем.