24фудбал

Хамшик: Сум бил близу до трансфер во Јуве? Никогаш не би сторил такво нешто!

31 годишниот Словак по цели 12 години го напушта италијанскиот прволигаш Наполи, тој упати благодарност до навивачите на таа екипа, а притоа ги израдува уверувајќи ги дека никогаш немал намера да направи трансфер во лутиот ривал.

Италија

Марек Хамшик признава дека едвај чека да почне со својата нова авантура во кариерата, искусниот Словак ќе продолжи на Далечниот Исток, поточно во кинески Далиан Јифан, но, уверува дека никогаш немал намера да направи трансфер во лутиот ривал на Наполи, Јувентус.

Сум бил близу трансфер во Јуве во првата година на Сари? Не би рекол... Никогаш не би сторил такво нешто, бев близу до Милан, но, никогаш не се ни обидов да ја променам оваа екипа, бидејќи не сакав, се чувствував премногу приврзан кон тој дрес“ издвои Словакот.

Во своето писмо кон фановите на Наполи, Хамшик им се заблагодари за поддршката, издвои дека минал две ноќи без спиење поради обидите да ги избере зборовите за писмото кон навивачите на италијанската екипа.

Хамшик мина цели 12 години во тимот на Наполи, одигра 408 натпревари на кои постигна 100 погодоци.