24фудбал

Фудбалерите на БАТЕ Борисов добро огладнеле од исцрпната победа над Арсенал (ФОТО)

Англиски новинар кој пред да си замине на Островот, наминал во една сендвичара во Борисов, а бил пријатно изненаден од тоа кого „уловил“ во сендвичарата утринава по синоќешниот меч помеѓу БАТЕ Борисов и Арсенал.

Лига Европа

БАТЕ Борисов му направи проблеми на Арсенал, откако синоќа го совлада минимално со 1-0 пред своја публика, во првата пресметка помеѓу овие две екипи во 16 финалето од Лига Европа.

Ќе биде интересно да се види како тимот на Унаи Емери ќе одговори на фрлената ракавица во Лондон, а Премиерлигашот сигурно ќе има голем притисок на себе по синоќешниот шок во Белорусија.

Интересно е тоа што некои од фудбалерите на белоруската екипа, меѓу кои и првата ѕвезда на тимот, Александер Хлеб, поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона, прославија со по некој хамбургер во сендвичара, а тоа го сторија утринава во 8 часот.