24фудбал

Банега е наследникот на Ремзи во Арсенал?

Искусниот Аргентинец би можел да биде наследникот на веќе договореното засилување за италијанскиот првак Јувентус, на Островот веќе се шпекулира за оваа опција која Арсенал извесно е дека ќе се обиде да дојде до неа.

Англија

Арон Ремзи е последната ѕвезда до овој момент кој го напушта Арсенал, а Премиерлигашот од Лондон ја интензивира потрагата по негов достоен наследник на теренот.

Велшанецот потпиша преддоговор со Јувентус, откако Топчиите ги откажаа преговорите со фудбалерот кој бараше поголема плата во клубот.

Потрагата по фудбалер кој игра во средниот ред со слично искуство како Ремзи нема да биде воопшто лесно, но, на Островот веќе се спомена Евер Банега од Севиља, кој извесно е дека ќе биде главна цел на Арсенал во летниот преоден рок.

Банега во јуни годинава ќе наполни 31 година, а тоа е една доста интересна ситуација за клуб како Арсенал, кој во минатото имаше тенденции да купува фудбалери на значително помлада возраст, таа политика на клубот во голема мера се промени по доаѓањето на Унаи Емери.