24фудбал

Челси има неверојатна иднина со Сари, смета Луиз

Бразилецот застана со поддршка за својот тренер кој изминатиов период се соочува со низа критики поради начинот на кој ја води екипата од Лондон, критиките особено се засилија по дебаклот кај Манчестер Сити.

Англија

Дефанзивецот на Челси, Давид Луиз верува дека клубот има неверојатна иднина под водство на Маурицио Сари на клупата, и покрај тоа што италијанскиот фудбалски стратег е под притисок поради слабите резултати на тимот од Лондон.

Сините се вратија на победите откако триумфираа кај Малме во првата пресметка од 16 финалето од Лига Европа, но, тешко дека брзо ќе се заборават поразите кај Борнмут со 4-0, односно Манчестер Сити со 6-0 во Премиерлигата.

И покрај тоа, Луиз застана во одбрана на својот тренер и му упати максимална поддршка, велејќи дека клубот има иднина со него на кормилото.

Да, клубот има неверојатна иднина, веќе имавме неколку средби за тоа дали некој не верува во такво нешто, сите можат да кажат слободно по тоа прашање. Никој не кажа ништо поинаку во однос на ова што јас го изјавувам, тоа е така бидејќи сите веруваме во тоа“ рече Бразилецот.

Најважното нешто во моментов е да ја задржиме филозофијата, да веруваме во тоа што го работиме, веќе го сторивме тоа против Малме, игравме максимално посветено на теренот од самиот старт на мечот, до последниот судиски свиреж“ посочи Луиз.