24фудбал

Дибала конечно го прекина постот во Серија А, и тоа на спектакуларен начин, па прослави како Роналдо (ВИДЕО)

Пауло Дибала ја затресе мрежата на Фросиноне со прекрасен погодок од далечина, Аргентинецот потоа го прослави голот во стилот на Кристијано Роналдо.

Италија

По доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, Пауло Дибала никако да дојде до израз, Аргентинецот се мачи со формата а неодамна и влезе во конфликт со тренерот Макс Алегри.

За последен пат во Серија А тој стрелаше прецизно на почетокот од ноември, но постот е прекинат откако популарниот „Ла Хоја“ вечерва постигна прекрасен гол. Напаѓачот прими топка на 20 метри, се намести и прецизно биеше во аголот за водство од 1-0.

Пауло Дибала потоа го прослави голот во стилот на Кристијано Роналдо, веројатно во знак на благодарност за поддршката која ја доби од ЦР7, кој пак минатото коло против Сасуоло прослави со „маска“ на лицето, потег кој е препознатлив токму за Аргентинецот.