24фудбал

Гол за Дибала по три месеци, Роналдо погодува и асистира, Јуве лесно се справи со Фросиноне (ВИДЕО)

Јувентус се загреа за дуелот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите со лесна победа против Фросиноне од 3-0, Пауло Дибала конечно го прекина голгетерскиот пост.

Италија

„Старата Дама“ на најдобро можен начин се подготви за пресметката со Атлетико во ЛШ. Бонучи и Кјелини без проблеми се вратија по паузата заради повреда, Пауло Дибала по три месеци постигна гол во Серија А, а Кристијано Роналдо продолжува во исто темпо и покрај голот придодаде и асистенција.

Резултатот рано беше отворен, Дибала од 20 метри биеше неодбранливо за 1-0 а десетина минути подоцна Бонучи реализираше за 2-0 и веќе тука беше јасно дека трите бода остануваат во Торино.

Во 63. минута од мечот, Кристијано Роналдо доби топка од Манџукиќ и прецизно биеше на првата статива за 3-0 и својот 19. погодок во Серија А оваа сезона.