24фудбал

Трајковски асистент, Несторовски стрелец но Палермо не издржа во дербито со Бреша (ВИДЕО)

Палермо пропушти да се искачи на лидерското место во Серија Б, Несторовски на асистенција на Трајковски донесе водство против Бреша но „сицилијанците“ примија гол во 92. минута.

Италија

Финансиските проблеми со кои се соочува Палермо и неуспешната продажба на клубот барем засега не се одразуваат врз играта на теренот. Вечерва „сицилијанците“ беа на чекор до победа во дербито со Бреша и искачување на првото место.

Домаќините поведоа во 79. минута од мечот, Трајковски нафрли од корнер а Несторовски со глава ја затресе противничката мрежа и донесе водство од 1-0.

Сепак во судиското надополнување Палермо капитулираше, Тремолада погоди за 1-1 и реми со кое Бреша ја задржа предноста од еден бод на врвот на табелата.