24фудбал

Каков малер е, Коман го инспирираше Баерн до кам-бек па се повреди во последните мигови (ВИДЕО)

Баерн Минхен два пати беше во негатива на гостувањето кај Аугзбург но на крајот стигна до три бода благодарејќи на одличната партија на Кингсли Коман, кој за жал заработи нова повреда на проблематичниот скочен зглоб.

Германија

„Баварците“ се доближија на -2 во однос на Борусија Дортмунд откако вечерва потешко од очекувањата триумфираа на „ВВК Арена“.

Аугзбург во два наврати водеше, најпрво со автоголот на Горецка по само 13. секунди, а потоа и со погодокот на Ји Донг Вон. Коман го враќаше Баерн во живот, Французинот најпрво изедначи на 1-1 во 17. минута, за потоа во третата минута од судиското надополнување на првиот дел да донесе реми од 2-2.

Кингсли Коман на стартот од вториот дел му асистираше на Алаба за 2-3 и помогна гостите да направат целосен пресврт.

Сепак, Французинот во последните мигови доживеа нов пех и го повреди проблематичниот скочниот зглоб на левата нога, кој веќе два пати го оперираше и најави дека ќе се пензионира доколку го чека нова долга пауза.

По крајот на мечот, Нико Коваќ изјави дека повредата не изгледа добро, и позитивно е само тоа што Кингсли Коман можеше сам да оди кога го напушти теренот и се упати право во соблекувалната.