24фудбал

Шкртел ќе му искршеше нозе на Жута, Коњаспор ги објави последиците од стартот за затвор (ФОТО+ВИДЕО)

Словакот е познат по тоа што игра крајно агресивен фудбал, а тоа го покажа и во денешната пресметка против нашите Јаховиќ и Жута, вториот среќно избегна посериозна повреда по запрепастувачкиот старт на Шкртел.

Македонија

Коњаспор го сопре Фенербахче кој за момент излезе од кризата во која беше од стартот на актуелната сезона, гостите се изборија за реми од 1-1, а први дојдоа до водство, сепак, од 33. минута нашиот Јаховиќ доби директен црвен картон, па Коњаспор играше со играч помалку.

Можеше и Фенербахче да добие исклучување во своите редови, а главниот арбитар на пресметката во Истанбул воопшто немаше да погреши ако тоа го стореше по крајно некоректниот старт на Шкртел над Жута, но, наместо тоа, словечкиот дефанзивец доби само жолт картон...

Веднаш по крајот на мечот, од Коњаспор на социјалните мрежи ги објавија последиците од застрашувачкиот старт на Шкртел, веројатно, најголемата дилема е онаа како остана Словакот без директен црвен картон...