24фудбал

Пјонтек е неверојатен, без да гледа кон голот ја затресе мрежата на Аталанта! (ВИДЕО)

Милан има 1-1 по првите 45 минути на гостувањето кај Аталанта благодарејќи на Кшиштоф Пјонтек, Полјакот уште еднаш покажа дека има „убинствен“ инстикт во противничкиот шеснаесетник.

Италија

Кшиштоф Пјонтек е хит во Серија А оваа сезона, а со своите одлични партии продолжува и по трансферот во Милан. Вечерва тој донесе 1-1 на незгодното гостување кај Аталанта во последните мигови од првиот дел.

Полјакот без да гледа кон голот идеално ја зафати нафрлената топка на волеј и не му даде шанса на голманот на Аталанта да интервенира.