24фудбал

Гвардиола со провокација до „ѓаволите“: Не треба да се лета, сите видовме што му се случи на Манчестер јунајтед

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола испрати провокација до лутиот градски ривал Манчестер јунајтед, вели дека на „ѓаволите“ им се удрило од глава тоа што сметале дека се подобри од ПСЖ.

Англија

„Граѓаните“ остануваат во конкуренција за четири титули, денеска го солвадаа Њупорт и се пласираа во четвртфиналето од ФА Купот.

И покрај тоа што за противник имаше четвртолигаш, Пеп Гвардиола не експериметираше премногу со својот состав. Домаќините пружија силен отпор но на крајот дојде до израз разликата во квалитет и Манчестер Сити стигна до триумф од 1-4.

По финишот на мечот, Пеп Гвардиола упати провокација до лутиот градски ривал Манчестер јунајтед. Тој смета дека „ѓаволите“ со преголема самодоверба му пристапиле на дуелот со ПСЖ па тоа им се удрило од глава.

„Играме во четири натпреварувања, секој натпревар е сосема различен од другите. За противник имаме четвртолигаш а потоа меч од Лигата на шампиони. Морате да се прилагодите и да го промените менталниот пристап. Најголемата грешка е да верувате дека сте подобар од противникот. Тоа е огромна грешка. Сите го фалеа Манчестер јунајтед, велеа дека се подобри од ПСЖ, но видовме што им се случи. Морате да останети приземни и да се подготвите добро“ - порача Шпанецот.