24фудбал

Бекам стана косопственик на англиски нисколигаш, а од трибините виде „копија“ на неговиот легендарен гол (ВИДЕО)

Романец постигна речиси копија од легендарниот гол на Дејвид Бекам, кој со свои очи ја виде таа мајсторија од трибините на мечот на англискиот нисколигаш чиј косопственик е од минатиот месец заедно со свои поранешни соиграчи од Манчестер јунајтед.

Англија

Фановите на англискиот нисколигаш Салфорд беа воодушевени со тоа што легендата на англискиот фудбал Дејвид Бекам стана косопственик на тој клуб, тој влезе во клубот ланскиот месец, а викендов за прв пат присуствуваше на натпревар.

Бекам презема 10%, барем засега во клубот, приклучувајќи им се на своите поранешни соиграчи од Манчестер јунајтед, Ники Бат, Рајан Гигс, Пол Сколс и браќата Гери и Фил Невил како косопственици.

Со својот син Ромео, Бекам беше на трибините за да го проследи дуелот на Салфорд на домашен терен против Довер во англиската Национална лига.

Салфорд загуби со 1-3, иако прв дојде до водство, сепак, голот што го постигна Романецот Политик во 9. минута беше вистинска мајсторија од половина терен, и речиси копија од легендарниот гол на Дејвид Бекам против Вимблдон...