24фудбал

Зидан има три услови за да седне на клупата на Челси

Францускиот фудбалски стратег посакува авторитет, а тоа е дел од неговите три услови кои веќе ги поставил за да седне на клупата на Премиерлигашот, каде виси на конец работата на Сари.

Англија

Зинедин Зидан наводно поставил три услови за да го преземе кормилото на Челси, каде под огромен притисок е Маурицио Сари, пишува Сан.

Се шпекулира дека првиот услов е да се реши прашањето со првата ѕвезда на тимот, Еден Азар, односно, Белгиецот да потпише нов договор со што би станал централна фигура во тимот.

Втората причина е клубот да овозможи цели 200 милиони фунти за засилување на составот, а воедно третата кореспондира со претходната, Французинот сака целосна контрола во одлуките за посакуваните трансфери, а со тоа неговиот глас да биде над оној на директорката на клубот, Марина Грановскаја.

Зидан моментално е без ангажман, подолг период се поврзуваше со клупата на Манчестер јунајтед, и натаму е кандидат за тоа столче, каде со голем успех моментално работи Оле Гунар Солскјер, но, не се исклучува ниту опцијата Челси.