24фудбал

„Меси го прави фудбалот полесен за игра“

Младиот Французин вели дека е задоволство да се игра во друштво на првата ѕвезда на тимот од Камп Ноу, за кого посочи дека доволно е само да му ја додадете топката, останатото е негово.

Шпанија

Офанзивецот на Барселона, Осман Дембеле ужива играјќи во друштво на петкратниот освојувач на Златната топка, Лионел Меси, како тимски соиграч во тимот од Камп Ноу, а за аргентинската ѕвезда тој вели дека го прави фудбалот полесен за игра на теренот.

21 годишниот Дембеле има далеку подобра форма во втората половина од актуелната сезона во Барса, а за клупскиот официјален сајт посочи какви се бенефитите да имате соиграч од типот на Меси.

Одлично е, тој го прави фудбалот полесен за игра, само ќе му ја додадам топката и тој ќе направи неверојатни работи со неа. Кога тој е на теренот, лесно е да сте напаѓач во таа екипа, бидејќи ривалите главно се фокусираат на него“ посочи младиот Французин.