24фудбал

Извршена ждрепката за четвртфиналето од ФА Купот, Јунајтед има нов гостински предизвик

Веднаш по дуелот меѓу Челси и Манчестер јунајтед беше извршена ждрепката за четвртфиналето од ФА Купот.

Англија

Манчестер јунајтед вечерва го победи Челси на Стемфорд Бриџ и се пласираше во следната рунда од ФА Купот, а таму за противник го доби Волверхемптон, тимот на Оле Гунар Солскјер повторно ќе ја има улогата на гостин.

Најсериозниот конкурент за трофејот во ова натпреварување на Јунајтед, градскиот ривал Манчестер Сити ќе му гостува на Свонси.

ФА Куп четвртфинале:

Милвол - Брајтон

Волвс - Манчестер јунајтед

Ватфорд - Кристал Палас

Свонси - Манчестер Сити