24фудбал

Солскјер за Погба: Еден од најдобрите за таа позиција

Французинот мака мачеше под кормилото на Мурињо, со кого имаше постојан судир, сега игра како препороден под водство на Солскјер, а Норвежанецот не се штедеше на пофалби кон него по победата кај Челси.

Англија

Манчестер јунајтед му создаде голема главоболка на Челси, особено на тренерот на таа екипа, Маурицио Сари, откако на негов терен го совлада 0-2 и со тоа го елиминираше од ФА Купот.

Фановите на Челси збеснаа по поразот, а прстот го вперија токму кон Сари, гледалиштето ечеше дури и од навредливи зборови за неговата тактика, а Пол Погба беше креатор на победата на Црвените ѓаволи со една асистенција и еден гол, Французинот доби пофалби од својот тренер Оле Гунар Солскјер, кој нема дилеми во тоа дека Погба е еден од најдобрите што игра на таа позиција во фудбалскиот свет.

Имаше одличен одговор на предизвикот да игра против еден од најдобрите фудбалери како Канте на таа позиција која го поврзува дефанзивниот со средниот ред [НГоло Канте]“ рече Норвежанецот.

Знаеме дека Погба е еден од најдобрите фудбалери на таа позиција која го поврзува средниот ред со нападот, во целиот фудбалски свет. Тој има визија, тоа што го одигра против Челси го потврдува сево ова“ заклучи шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед.