24фудбал

Бонучи потврди дека го одбил Реал Мадрид, Италијанецот ја откри причината за таквата одлука

Италијанскиот дефанзивец беше голема желба на европскиот првак на трансфер пазарот, но, тој иако вели дека интересот од еден таков клуб претставувал чест за него, ја издвои и главната причина зошто се врати во Торино.

Шпанија

Леонардо Бонучи ги потврди како точни шпекулациите дека го одбил Реал Мадрид за да се врати во редовите на Јувентус, од каде претходно замина во Милан, ова италијанскиот дефанзивец го изјавува во пресрет на утрешната прва пресметка со Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Дали е вистина дека го одбив Реал Мадрид? Да, вистина е, Реал Мадрид покажа сериозен интерес за да ме ангажира, сето тоа беше голема чест за мене да бидам нивна желба“ посочи Бонучи во изјавата за АС, додавајќи дека причината за одбивањето на Кралевите била Јувентус, неговата желба да се врати во својот дом, како што и самиот вели, била огромна.

Сето тоа ми даде значење, ми даде јасна слика дека сум работел добро во текот на годините. Но, повикот од Јувентус, беше нешто повеќе за мене, мојата желба да се вратам во мојот дом беше голема, одлучи срцето во оваа ситуација“ заклучи Бонучи.