24фудбал

Петок и понеделник отпаѓаат од календарот на Примера?

Постои голема дебата во шпанскиот фудбал за да се тргнат двата горенаведени дена од тековната седмица во натпреварувачкиот календар, за тоа постојат сериозни прашања за кои веќе се водат дебати.

Шпанија

Ла Лига размислува да ги отфрли петок и понеделник од календарот на лигата, како дел од преговорите со шпанската Фудбалска Асоцијација, пишува Диарио Спорт.

Обете организации имаат долги спорови околу бројот на административните проблеми, а првиот човек на шпанскиот фудбал, Хавиер Тебас и натаму не се откажува од идејата да ги распостранува натпреварите вон викендите за телевизиските барања.

Како и да е, натпреварите во тие два дена се покажаа како доста непопуларни кај фудбалските фанови во Шпанија, особено кај оние на Рајо Валјекано и Алавес, кои веќе организираат протести против тајминзите.

Доколку се остварат најавите, тие ќе почнат да се применуваат од идната сезона, како дел од договорот, доколку дојде до истиот, помеѓу двете организации кои се фокусирани на главното прашање како шпанскиот фудбал да биде структуриран на највисоко ниво.