24фудбал

Додека сите гледаа Лига на шампиони, Ди Марија постигна „голазо“ и можеби погодок на годината (ВИДЕО)

ПСЖ вечерва играше заостанат меч од Лиг 1 против Монпеље, домаќините триумфираа со убедливи 5-1 а потегот на мечот го имаше Анхел Ди Марија.

Франција

Вечерва вниманието на фудбалската јавност беше насочено кон мечевите од Лигата на шампионите, но во исто време во Франција, ПСЖ играше против Монпеље во заостанат натпревар од Лиг 1.

Домаќините со 5-1 ја добија пресметката а потегот на мечот го имаше Анхел Ди Марија. Аргентинецот во последните секунди од првиот дел постигна „голазо“ од слободен удар.

Тој од 30 метри биеше прецизно во аголот и не му остави простор на гостинскиот голман кој откако се испружи колку што е долг, ги рашири рацете и на своите соиграчи им објасни дека ова не се брани.