24фудбал

Адеми продолжува во Лига Европа, Елмас и Ристовски испаднаа

Динамо Загреб со 3-0 го победи Плзен и се пласираше во следното коло од Лига Европа, Фенербахче изгуби со 3-1 кај Зенит, а Спортинг одигра недоволни 1-1 на гостувањето кај Виљареал.

Англија

Динамо Загреб со негатива од 2-1 го почна реванш мечот со Викторија Плзен, победи убедливо со 3-0 и со вкупни 4-2 се пласира во осминафиналето.

Аријан Адеми како капитен ги одигра сите 90 минути на овој натпревар.

Фенербахче имаше предност од 1-0 по првиот меч со Зенит, но не успеа да ја сочува. Губеше со 2-0, па преку Топал во финишот од првото полувреме намали на 2-1. И тоа беше резултат кој ги носеше Турците понатаму, но рускиот тим даде гол на 15 минути до крајот и се пласира во осминафинале.

Елиф Елмас го одигра целиот меч, а во судиското продолжение доби и жолт картон.

Испадна и Стефан Ристовски. Спортинг Лисабон го загуби домашниот меч против Виљареал со 1-0, па денеска во Шпанија имаше тешка мисија. Но зелено-белите почнаа добро. Со гол на Фернандес во 45. минута дојдоа до водство од 1-0. Сепак на почетокот на вториот дел останаа со играч помалку по исклучувањето на Џеферсон, домаќините го искористија тоа и изедначија на десет минути до крајот. Конечни 1-1 и пласман на Виљареал во следното коло.

И Стефан Ристовски беше стартер во својот тим, тој одигра 83. минути, во финишот беше изваден со цел Спортинг посилно да нападне кон голот на Виљарел, но без успех.

Арсенал не дозволи изненадување иако го загуби првиот меч од БАТЕ Борисов. Топчиите денеска славеа убедливо со 3-0, Џака и Сократис дадоа по еден гол, а еден беше автогол.

Наполи слвеше уште една победа над Цирих, овој пат со 2-0, и Валенсија уште еднаш триумфираше над Селтик, сега со 2-0. Понтаму оди и Ајнтрахт Франкфурт кој со 4-1 го доби Шахтар, а најубедлив беше Салцбург, тие со 4-0 славеа против Клуб Бриж.

Во осминафиналето се пласираа: Арсенал, Динамо Загреб, Ајнтрахт Франкфурт, Наполи, Салцбург, Валенсија, Виљареал и Зенит.