24фудбал

Познати осминафиланите двојки во ЛЕ, Динамо Загреб и Адеми против Бенфика

Денеска беше извршена ждрепката за осминафиналните натпревари од Лига Европа, Аријан Адеми со Динамо Загреб ќе доби Бенфика.

Лига Европа

Познати се осминафиналните двојки во Лига Европа, големите клубови се избегнаа, па речиси и да нема некое големо дерби. Челси ќе игра против Динамо Киев, Интер ќе се сретне со Ајнтрахт Франкфурт, Арсенал ќе игра со Рен, Наполи ќе ги одмери силите со Салцбург.

Аријан Адеми со Динамо Загреб ќе играат против тимот на Бенфика, првиот меч ќе се игра во Хрватска, патникот во четвртфиналето ќе се решава во Лисабон.

Лига Европа осминфинале:

Челси - Динамо Киев

Ајнтрахт - Интер

Динамо Загреб - Бенфика

Наполи - Салцбург

Валенсија - Краснодар

Севиља - Славија Прага

Арсенал - Рен

Зенит - Виљареал