24фудбал

Прослави како Симеоне и доби директен црвен картон! (ВИДЕО)

УЕФА покрена постапка против Диего Симеоне за неговата недолична прослава на дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Јувентус кога се фати за меѓуножјето, но некој кој проба да го имитира, веднаш доби санкција.

Видео

На натпреварот од Серија Д меѓу Прато и Виареџо, напаѓачот на домаќините, Рикардо Морео даде гол и во сличен стил на Симеоне ги провоцираше противниците. Судијата веднаш му даде црвен картон.