24фудбал

Наместо на рехабилитација, Нејмар се „журка“ на карневал во Бразил, медиумите ја открија убвицата со која се забавуваше напаѓачот (ФОТО)

Нејмар е во Бразил каде треба да се рехабилитира од повредата, напаѓачот на ПСЖ го користи периодот и за поинаков вид на опуштање, тој беше фатен како се забавува на карневал во неговата земја.

Франција

Додека неговите соиграчи го потат дресот на ПСЖ, Нејмар се забавува во Бразил. Можеби излегувањата на карневалот во неговата земја ќе му ја забрзаат рехабилитиацијата.

Тој беше уловен како се забавува со русокоса девојка. Се работи за 19-годишната Рафаела Порто која е пејачка, настапила на на „The Voice Brasil“ минатата година.

Врската меѓу Нејмар и Рафаела трае веќе некое време, таа била и на роденденот на Бразилецот во Париз на почетокот од минатиот месец, но сега се направени првите фотографии од двојката.

Нејмар во октомври минатата година ја прекина врската со Бруна Маркезин со која беше шест години.