24фудбал

Кој друг ако не Балотели, „Супер Марио“ постигна гол, па зема мобилен да прави селфи и веднаш објави на Инстаграм (ВИДЕО)

Марио Балотели се препороди откако во јануари се пресели на Веледром, со головите се врати насмевката на неговото лице но и глупостите кои се типични за Италијанецот.

Франција

Популарниот „Супер Марио“ првиот дел од сезоната мизеруваше во Ница, не можеше да постигне гол, а и еден месец беше надвор од тимот поради недоразбирање со управата.

Кон финишот на зимскиот преоден рок, тој се пресели на Велодром и за брзо време се препороди во дресот на Марсеј. Марио Балотели постигна гол веќе на своето деби, а за месец дена стигна до бројката од четири, вечерва со волеј го „начна“ Сент Етјен“.

Па се врати неговата насмевка, но и глупостите. Откако ја затресе противничката мрежа, Италијанецот зема телефон од фоторепортерот кој стоеше зад голот и го собра тимот на Марсеј за селфи. Но тој не застана тука, сними и дел од прославата а видеото веднаш го објави на социјалните мрежи.