24фудбал

Солскјер: Не знам уште колку ќе бидам тренер на Јунајтед, но знам дека ќе бидам насмеан секој ден

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер е полн со импресии по големата победа во Париз против ПСЖ, веројатно негова најголема како тренер.

Лига на Шампиони

Манчестер јунајтед беше отпишан по поразот од 2-0 на Олд Трафорд, но отидоа во Париз полни со самодоверба и ја остварија целта. Најголемите заслуги одат на адреса на Оле Гунар Солскјер кој го препороди тимот.

„Цело време верувавме. Планот не беше да ја имаме топката и да ги надиграме, доколку им дадете на нив многу простор и време тогаш ќе ве победат. Видовте на неколку пати во првиот дел кога нашата дефанзива не беше на ниво. Планот наш беше да бидеме во игра до последните пет минути пред крајот и тоа се случи“, вели Солскјер.

„Фудбалот ти дава некои фантастични спомени. Посебно е кога тие ќе ги направите како тренер со стручниот штаб и фудбалерите. Соблекувалната беше апсолутно неверојатна, само да го видите целиот клуб заедно со сопствениците, поранешните фудбалери, поранешните тренери“.

И покрај фантастичните резултати, Манчестер јунајтед се уште не донел одлука дали ќе го задржи Солскјер.

„Ќе продолжам да ја извршувам работата најдобро што можам во секој еден ден и ќе видиме каде ќе не однесе тоа. Поминувам фантастично време со фудбалерите и стручниот штаб. Едноставно ќе уживам во работата додека ја имам. Доколку тоа трае уште два, три месеци, тогаш ќе ги уживам тие месеци. Ќе бидам насмеан секој ден“.