24фудбал

Нејмар жестоко распали по УЕФА: Ова е срамота, еб*те се! (ФОТО)

Нејмар бурно реагираше на социјалните мрежи откако ПСЖ беше елиминирана во Лигата на шампионите со контроверзен пенал во финишот од мечот, Бразилецот би можел да добие казна.

Лига на Шампиони

Откако изминативе денови беше во фокусот поради тоа што се журкаше на карневалите во Бразил, најпрво во Бахиа а потоа и во Рио, напаѓачот вечерва крена врева на социјалните мрежи откако жестоко распали по судиите и УЕФА по елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампионите.

Манчестер јунајтед се врати од мртвите откако во во последните секунди од мечот доби контроверзен пенал со помош на ВАР. Далот биеше од далечина, а топката го удри Кимпебе во рака, кој беше завртен со грб кога скокна да блокира и немаше намера да игра со рака.

Нејмар на Инстаграм стори постираше слика од спорниот момент и напиша: „Ова е срамота!! Ставиле четири лица кои не се разбираат од фудбал да гледаат повторени смники пред ТВ...Нема пенал!!!“

„Како може ова да биде играње со рака кога е свртен со грб? Еб*те се!“

УЕФА не трпи критики па за очекување е европската куќа на фудбалот да го казни Бразилецот за ваквиот испад на социјалните мрежи.