24фудбал

Динамо Загреб ја победи Бенфика, Рен подобар од Арсенал (ВИДЕО)

Динамо Загреб без Адеми во составот ја совлада Бенфика со 1-0 во првиот осминафинален натпревар од Лига Европа, Рен го победи Арсенал со 3-1.

Лига Европа

Аријан Адеми поради повреда ги пропушта натпреварите против Бенфика, но и без него Динамо Загреб оствари одличен резултат против португалскиот гигант. Победа без примен гол.

Стрелец на единствениот погодок беше Петковиќ од пенал во 38. минута.

Арсенал со два гола разлика загуби од Рен, пораз кој може да биде многу незгоден за надополнување.

А натпреварот почна одлично за Топчиите, тие поведоа уште во четвртата минута со гол на Ивоби. Клучниот момент можеби се случи во 41. минута кога Сократис доби втор жолт картон.

Рен максимално ја искористи предноста од играч повеќе, постигна три гола во останатиот дел од мечот и на крајот славеше триумф од 3-1.

Ајнтрахт Франкфурт и Интер одиграа без голови, нерешено заврши и мечот меѓу Севиља и Славија Прага но со по два гола во двете мрежи. Зенит на свој терен загуби од Виљареал со 3-1.