24фудбал

Челси и Наполи со една нога во четвртфинале, Валенсија ќе брани минимална предност (ВИДЕО)

Челси и Наполи ја оправдаа фаворитската улога против Динамо Киев односно РБ Салцбург и триумфираа со 3-0, Валенсија славеше над Краснодар со 2-1.

Лига Европа

Домаќините доминираа во вечерните три меча од осминафиналето во Лига Европа. Челси и Наполи со една нога се во следната рунда откако со идентични 3-0 триумфираа над Динамо Киев односно РБ Салцбург.

Педро ги донесе „сините“ во водство во 17. минута, Вилијан од слободен удар зголеми на 2-0 во 65. минута за во последните мигови Одои да го постави конечниот резултат.


Во Неапол, домаќините одлично го отворија мечот и по 20 минути веќе водеоа со 2-0 со головите на Милик и Руиз. На стартот од вториот дел, Онгене си постигна автогол за 3-0.


На Местаља, Родриго со два гола донесе водство за Валенсија од 2-0 на полувремето, но Краснодар реалзираше во 63. минута, па патникот во осминафиналето ќе се решава следната недела во Русија.