24фудбал

Бен Арфа ги дочека своите пет минути против Емери: Нервозен е како и секогаш, го погледнав, ме насмеа...

Французинот потпиша за ПСЖ во 2016. година, само три дена откако Емери беше поставен за шеф на стручниот штаб на таа екипа, одигра 32 натпревари под негово водство, а во првата сезона стартуваше само на десет меча, во април 2017. година беше „исфрлен“ од првиот состав, а немаше настап дури до ланското лето кога се пресели во Рен, цела сезона 2017/18 ја мина во резервниот состав.

Лига Европа

Некогаш големата надеж на европскиот фудбал, 32 годишниот офанзивец од редовите на Рен, Хатем Бен Арфа синоќа одигра неверојатен меч против Арсенал во кој неговата екипа славеше со 3-1 на домашен терен во првата пресметка од осминафиналето од Лига Европа.

Бен Арфа се ослободи од тоа што го доживеа во ПСЖ под водство на Емери, а веројатно мотивацијата кај него на синоќешната пресметка беше огромна, па едноставно беше незапирлив во редовите на домаќините.

Мојата мотивација беше да одиграм одличен меч, да победам и да се доведеме целата екипа во добра позиција за да ја поминеме оваа фаза. Тоа ми беше главното во мојата глава. Но, го гледам истиот Емери, нервозен како и секогаш, го погледнав неколку пати, а тоа ме насмеа, тој не се променил...“ рече Бен Арфа по мечот во Франција.

Иако не постигна ниту еден гол, ниту пак реализираше асистенција, Бен Арфа беше најголемата опасност кон Арсенал синоќа, за што потврдува и статистиката од мечот...