24фудбал

Хамес во Баерн Минхен и следната сезона, верува Румениге

Извршниот директор на Баварците има свои очекувања во однос на иднината на Колумбиецот, иако постоеа многу шпекулации за него, Румениге верува дека тој ќе биде дел од Бундеслигашот и следната сезона.

Германија

Карл-Хајнц Румениге е убеден дека Баерн Минхен ќе ја активира опцијата за да го откупи целосно договорот на Хамес Родригез од Реал Мадрид претстојното лето.

Родригез имаше потешкотии при адаптацијата на играта во редовите на Бундеслигашот, колумбискиот плејмејкер се уште мака мачи за да обезбеди статус на стартер во тимот од Минхен, а проблемите се зголемија и со тензичната релација со тренерот Нико Ковач.

Иако добро почна во првата сезона, оваа сезона Хамес е доста тивок во дресот на Баерн Минхен, поголемиот дел од првата сезона го помина како повреден, а откако се врати во стројот, постигна само три погодоци и шест асистенции во 20 настапи досега.

Постоеа многу шпекулации за иднината на Хамес, Баерн ја има опцијата во раце за да го добие Колумбиецот за 42 милиони евра, некои сметаа дека Баварците не се убедени во квалитетите на фудбалерот, други пак сметаа дека тој ќе се врати во Мадрид, а извршниот директор на Бундеслигашот, Румениге има свој став во однос на оваа тема.

Јас сум голем навивач на Хамес, тој има одлична лева нога и станува збор за фудбалер од светска класа. Ние имаме опција до 15 јуни да одлучиме што со него, но, морам да кажам дека сите во клубот сме среќни што го имаме, убеден сум дека тој ќе игра за нас и следната сезона“ посочи Румениге.