24фудбал

Ирец постигна гол на кој дури и Роналдо и Меси можат да му подзавидат! (ВИДЕО)

Ирското првенство не е толку многу атрактивно, но, токму од таму ни доаѓа гол за паметење на синоќешната пресметка помеѓу Фин Харпс и Корк Сити.

Останато

Корк Сити славеше во голеадата на гостувањето кај Фин Харпс со 3-4 во редовното петто коло од најсилниот ирски фудбалски шампионат, Премиер Дивизијата, а еден фудбалер ја понесе сета слава од мечот во Балибофеј.

27 годишниот Жеролд Морисеј беше вистински креатор во победата на гостите со два постигнати погодоци, а еден од нив беше вистинско ремек дело кое во моментов на големо се врти низ социјалните мрежи...