24фудбал

Еве зошто ВАР собата беше празна на контроверзната снимка од поништениот гол на Ваљадолид против Реал (ФОТО)

ВАР повторно креираше контроверзија откако видео технологијата беше повикана на консултација при голот на Ваљадолид против Реал во 14. минута од мечот, а во собата немаше никој.

Шпанија

Серхи Гвардиола го матираше Тибо Куртоа во 14 минута од средбата на „Хосе Зориља“ но радоста на домаќините кратко траеше. Судијата доби инструкции од ВАР дека има спорен момент и потоа го поништи голот.

Но на социјалните мрежи се крена голема дебата откако беше покажан кадар од ВАР собата во којa нема никој. Фановите понудија различни теории, но причината за ова е едноставна. Мовистар, кој го вршеше пренесот, покажа кадар од друга ВАР соба, а не онаа која се користеше за овој меч.

Мовистар потоа се извини за грешката и објави нова снимка од ВАР собата со судиите кои се задолжени за пресметката помеѓу Ваљадолид и Реал Мадрид. Исто така на социјалните мрежи се оглас и потпаролката на Ла Лига, Ева Турегано која појасни: „Има повеќе ВАР соби“.