24фудбал

Меси му вели на судијата: Не е пенал, не ме фаулираа! (ВИДЕО)

Фер плеј потег на Лео Меси против Рајо Ваљекано, Аргентинецот беше уловен како му вели на судијата да не им досуди пенал бидејќи не бил фаулиран.

Шпанија

При една соло акција во шеснаесетникот на Рајо Ваљекано, Лео Меси имаше контакт со противничките фудбалери.

Судијата за миг се подзамисли дали да досуди пенал или не, но според шпанските медиуми, Меси му рекол дека немало фаул врз него по што судијата даде знак играта да продолжи.