24фудбал

Зидан објасни зошто се вратил во Реал, неизбежно беше и прашањето за Роналдо и кој ќе го замени ЦР7

Зинедин Зидан вечерва беше преставен како нов тренер на „кралевите“, Французинот вели дека се вратил зошто го сака Реал Мадрид а бил и замолен од претседателот Флорентино Перез.

Шпанија

Зизу на големо изненадување во јуни минатата година, само неколку дена по триумфот во Лигата на шампионите, соопшти дека си поднел оставка и го напушта Сантијаго Бернабеу.

Но откако Лопетеги и Солари не ги оправдаа очекувањата и шампионот на Европа забележа катастрофална сезона, Зинедин Зидан по само 284 дена се врати на кормилото на Реал Мадрид, „кралевите“ денеска соопштија дека Французинот ставил потпис на договор до 2022.

Стратегот потоа беше презентиран пред медиумите, и секако некои прашања беа неизбежни, односно зошто решил да се врати и како планира да го надополни отсуството на Кристијано Роналдо.

„Ова е специјален ден за сите. Многу сум среќен што се вратив дома. Сакам да почнам со работа и да го вратам клубот на местото кое го заслужува. Утре започнувам со тренинзи“ – изјави Зидан.

Запрашан што се променило откако си поднел оставка, тој вели: „Заминав бидејќи ми беше потребна промена, на клубот му беше промена а и на составот му беше потребна промена откако освовиме сè“.

„Се вратив бидејќи претседалот ми се јави и ме замоли. Бидејќи го сакам Реал Мадрид, сега сум тука. По осум месеци сакав повторно да тренирам. Имав неколку предлози но не сакав да одам во друг клуб“.

Минатото лето, Зинедин Зидан не беше единственото големо име кое си замина од Сантијаго Бернабеу, еден месец подоцна тоа го стори и Кристијано Роналдо, чие отсуство исто така се осети.

„Не треба да разговараме сега на оваа тема, во мислите ги имам само 11-те натпревари до крајот. Сите знаме што значи Кристијано Роналдо за историјата на овој клуб, никој не може да го оспори тоа што тој го направи за Реал, тој беше најдобар“.

„Не сум размислувал за тоа кој може да го замени ЦР7. Во фокусот ми се само преостанатите мечеви до крајот на сезоната. Ќе видиме што ќе се случи потоа“.