24фудбал

Голем притисок врз Елмас по лошиот викенд, тренерот на Фенербахче со посебна порака до Македонецот

Катастрофата за Фенербахче може да биде огромна доколку славниот турски гигант испадне од тамошното елитно фудбалско друштво, моменталната ситуација на табелата воопшто не ја отфрла таа можност, а притисокот врз составот предводен од Ерсун Јанал е огромен.

Македонија

Фенербахче има катастрофална сезона зад себе, тимот од Истанбул не само што не се бори за врвот во турската Суперлига, туку е во голема опасност дури и да испадне од тамошното елитно фудбалско друштво.

Притисокот врз избраниците на Ерсун Јанал од ден на ден е се поголем, а тој бран притисок секако го зафати и нашиот млад интернационалец од редовите на Фенербахче, нашата голема надеж Елиф Елмас.

19 годишниот Македонец одигра само едно полувреме изминатиов викенд во дербито кај лидерот Истанбул Башакшехир, беше повлечен од игра на паузата, а Фенербахче загуби со 2-1, што се однесува до статистиката од изданието на Елмас, истата не беше солидна.

Елмас доживеа големи критики за своето издание, а турските медиуми дури и се подзанимаваа со големите шпекулации со кои се поврзува македонскиот репрезентативец, особено поради наводната понуда вредна 30 милиони евра од Лестер, понуда која до овој момент не е пристигната во Истанбул, а се верува дека е само шпекулација од Островот.

Турските медиуми отидоа до таму што дури и го посочија таткото на Елмас како човек што игра најголема улога во одлуките на младиот фудбалер, што наводно влијаело психолошки врз него последниов период.

Елмас е во моментов главна тема во Турција, а Милијет објави дека Јанал имал посебна конверзација со македонскиот репрезентативец на која му пружил поддршка во овие тешки моменти за него.

Ова е само еден мал пад во твојата кариера, мораш да веруваш во себе, да учиш од сопствените грешки, многу си млад, ти можеш да бидеш иднината на Фенербахче. Поразот од Истанбул Башакшехир нема ништо директно со тебе, да, ти си дел од составот кој може и мора да биде подобар, но, ти си иднината на Фенербахче“ наводно му порачал шефот на стручниот штаб на тимот од Истанбул на нашиот интернационалец.

Изданието на Македонецот на дербито изминатиов викенд на големо се дискутираше во Турција, а статистиката покажа дека Елмас имал 13 додавања, од кои само 53,9 проценти биле успешни.

http://www.milliyet.com.tr/ersun-yanal-dan-eljif-elmas-a-fenerbahce-2841136-skorerhaber/