24фудбал

Почетни состави за дуелите Јувентус - Атлетико Мадрид, Манчестер Сити - Шалке 04

Јувентус тргнува со негатива од 0-2 против Атлетико Мадрид, Манчестер Сити со една нога е во четвртфиналето по победата од 2-3 на гостувањето кај Шалке 04, а на помалку од еден час пред стартот на реванш пресметките, веќе се познати и почетните состави.

Лига на Шампиони

Иако некои очекуваа, сепак, стратегот од клупата на италијанскиот првак, Масимилијано Алегри нема да игра со тројца во дефанзивниот ред, како што претходно најави Скај Спорт Италија, тој едноставно ќе го замени суспендираниот Алекс Сандро со дебитантот во Лигата на шампионите Спинаѕола во формациски систем од 4-3-3, Емре Џан ќе стартува наместо Бентакур во средината, а Бернардески доби предност во однос на Дибала во офанзивниот ред.

На спротивната страна пак, шефот на стручниот штаб на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне се реши за формациска поставеност од 4-4-2, а ударното дуо во нападот го сочинуваат Гризман и поранешниот фудбалер на Јувентус, Мората.


Јувентус: Шчесни, Кјелини, Пјаниќ, Роналдо, Матуиди, Манџукиќ, Бонучи, Кансело, Џан, Бернардески и Спинаѕола.

Атлетико Мадрид: Облак, Годин, Ариас, Коке, Гризман, Саул, Лемар, Родри, Хуанфран, Мората и Хименез.

Манчестер Сити со сите сили ќе влезе во реванш пресметката со Шалке 04 на домашен терен, Пеп Гвардиола се определи за супер офанзивна тактика од 4-3-3, а ударната тројка во нападот ја сочинуваат Сане, Агуеро и Стерлинг, на спротивната страна Емболо ќе претставува најголема опасност кон голот на Премиерлигашот, а Доменико Тедеско се определи за формација 4-3-2-1.


Манчестер Сити: Едерсон, Вокер, Данило, Стерлинг, Гундоган, Агуеро, Лапорт, Сане, Бернардо Силва, Давид Силва и Зинченко.

Шалке 04: Фарман, МеКни, Сердар, Бенталеб, Конопљанка, Самбули, Бургсталер, Очзипка, Сане, Брума и Емболо.