24фудбал

А Диего Симеоне во Мадрид го покажуваше меѓуножјето...

Со хет-трик на Кристијано Роналдо, Јувентус го победи Атлетико Мадрид со вкупни 3-2 и се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите, гестот на Симеоне од првиот меч сега изгледа смешен.

Лига на Шампиони

Кој последен се смее, најслатко се смее, а тоа вечерва сигурно не е тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Атлетико Мадрид првиот меч го доби со извонредни 2-0. При прославата на еден од погодоците Диего Симеоне го покажуваше меѓуножјето кон трибините. Неговиот непопуларен гест стана хит на социјалните мрежи.

Тимот на Симеоне не знаеше да ја задржи предноста од 2-0, загуби со 3-0 во Торино и доживеа елиминација во Лигата на шампионите.

Па гестот на Диего Симеоне од сегашна перспектива служи само за потсмев.