24фудбал

Врати со иста мера, Роналдо ја копираше контроверзната прославата на Симеоне по големата победа на Јувентус (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо имаше нова голема партија и со три гола го однесе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите, ЦР7 по последниот свиреж ја копираше контроверзната прослава на Диего Симеоне од првиот меч.

Лига на Шампиони

Кога Атлетико Мадрид поведе против Јувентус на мечот кој се играше на Ванда Метрополитано, Диего Симеоне полуде од радост, се сврти кон публиката и се фати за меѓуножјето. Аргентинецот потоа се правдаше дека го понеле емоциите, дека не сакал да навреди никого и едноставно покажувал дека имаат „големи мад*ња“.

Јувентус сепак вечерва се врати од мртвите, направи огромен пресврт благодарејќи на хет-трикот на Кристијано Роналдо и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Па ЦР7 реши да врати во иста мера, и по последниот свиреж на мечот ја копираше контроверзната прослава на Диего Симеоне Дали Кристијано Роналдо покажуваше дека и тој има „големи мад*ња“ или мислеше на нешто друго, ќе почекаме но како и да е, Португалецот е конечниот победник во дуелот со Чоло.