24фудбал

Роналдо: Поради ова ме купи Јуве, за вакви магични ноќи!

Кристијано Роналдо не може да го сокрие задоволството по неговата голема партија која го однесе Јувентус во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Роналдо вечерва ја покажа својата големина, беше главен во големиот пресврт. Јуве имаше негатива од 2-0 по првиот меч, но благодарение на три гола на Португалецот го продолжува сонот за трофејот од Лигата на шампионите.

„Ова требаше да биде посебна ноќ и таква беше, не само поради головите, туку поради тимот и неверојатниот менталитет. Ова е менталитетот кој ви треба во Лигата на шампионите, на вистинската патека сме“, изјави Роналдо за „Скај Спортс Италија“.

„Поради ова Јувентус ме купи, да помогнам во магични ноќи како оваа. Атлетико е навистина тежок противник, но и ние сме силни и покажавме дека заслуживме да одиме понатаму“.

„Прерано е да зборуваме за финалето, ајде да одиме чекор по чекор“.