24фудбал

Гризман го призна поразот: Јувентус беше супериорен на секое ниво

Антоан Гризман смета дека Атлетико Мадрид вечерва бил далеку од потребното ниво, тој и неговите соиграчи потфрлиле и Јувентус заслужено победил.

Лига на Шампиони

Атлетико Мадрид натпреварот го почна со предност од 2-0, но на крајот беше елиминиран од Лигата на шампионите откако загуби со 3-0. Шпанскиот тим немаше ниту еден шут во рамките од голот.

„Не одигравме натпревар каков што сакавме, ова беше лоша вечер за нас, му ја олеснивме работата на Јувентус“, изјави Гризман по мечот.

„Сите сме разочарани, едноставно не одигравме ништо. Јас прв ќе се посочам, не направив доволно, нашето темпо беше лошо, Јувентус беше супериорен на секое ниво“.

„Ако земеме во предвид дека првиот меч го добивме со 2-0, не можеме да кажеме многу. Не знам што се случи, ме потсеќа малку на мечот со Баерн Минхен, но тогаш можевме да направиме нешто“.

„Вечерва Јувентус беше супериорен на сите нивоа“.