24фудбал

Киелини со слика од соблекувалната: Најдобар начин да се прослават 500 меча во овој дрес! (ФОТО)

Џорџо Киелини вечерва по 500 пат го носеше дресот на Јувентус, големиот јубилеј на дефанзивецот се случи на незаборавен меч за неговиот тим.

Лига на Шампиони

Јувентус имаше ноќ која ќе се памети. Негативата од 2-0 беше тешка мисија, но со три гола на Роналдо се случи голем пресврт по кој следуваше и огромно славје.

Ова за Џорџо Киелини беше 500 натпревар во дресот на Јувентус. Тој на социјалните мрежи објави фотографија од соблекувалната и напиша: „Едноставно историски меч. Најдобар начин да се прослават 500 меча во овој дрес! Да продолжиме вака!!!“.