24фудбал

Симеоне го прокоментира гестот на Роналдо и порача: Кристијано е еден од најдобрите во светот, нормално е тоа што блесна!

Диего Симеоне вели дека не гледа ништо лошо во гестот на Кристијано Роналдо кој всушност беше копија на прославата на Чоло од пред три недели и вели дека ЦР7 само сакал да покаже дека има карактер.

Лига на Шампиони

Португалецот одигра нова партија за паметење и со три погодока го однесе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите. По големиот триумф, Кристијано Роналдо реши да ја копира контроверзната прослава на Диего Симеоне од пред три недели, и да покаже дека „има мад*ња“.

Тренерот на Атлетико го прокоментира овој потег и вели дека не гледа ништо лошо.

„Сигурен сум дека неговиот гест беше наменет за фановите на Јувентус, исто како што мојот гест на Ванда беше наменет за нашите фанови. Сакаше да покаже дека има карактер“ - вели Диего Симеоне.

„Кристијано Роналдо е еден од најдобрите во светот, па сосема нормално е тоа што блесна вечерва и одигра ваков натпревар“.