24фудбал

Осогово доминира и во светски рамки, Рома на твитер го промовираше кочанскиот клуб! (ФОТО)

Со доаѓањето на новото раководство, Осогово стана хит на социјалните мрежи во Македонија, но овој пат оди многу, многу подалеку.

Македонија

Во фудбалскиот клуб од Кочани се случуваат сериозни реформи, клубот граби кон пласман во втората лига и тоа го прави во голем стил. Осогово многу добро знае како да ги одржува социјалните мрежи, а денеска се случи нешто посебно.

Официјалниот твитер профил на Рома кој важи за еден од најдобрите, го промовираше Осогово. Тие напишаа: „Рома твитер тим на денот е ГФК Осогово, клуб од третата лига во Македонија. Формиран во 1924 година, клубот е од Кочани, град со само 35.000 жители. Еден од најактивните клубови на твитер во Македонија, целта на Осогово е да игра во првата лига до својот 100 роденден“.