24фудбал

ФФМ го потруди труењето со храна на деца од Академијата и го раскина договорот со „Гала кујна“

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека од храна се затруени 11 деца и еден физиотерапевт од Академијата на ФФМ по што веднаш е расинат договорот со доставувачот на храна, „Гала кујна“.

Македонија

Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски денеска го потврди труењето со храна на децата од Академијата на федерацијата.

„Потврдуваме дека има труење од храна на 11 деца и еден физиотерапевт. Децата имаа ручек и вечера во ресторанот Гала кујна, и откако се покажаа симптомите веднаш ги испративме во Неуромедика. Испитувањата покажаа труење од храна по што веднаш го раскинавме договорот со снабдувачот „Гала кујна“. Во првиот случај, во август кога имаше симптоми за труење, лабараториските испитувања не потврдија дека се работи за труење од храна и затоа тогаш не беше раскинат договор со „Гала кујна“, туку сега“. Децата сега се хранат во други ресторани, конкретно имаа оброк во „Дукат“ и во „Џино“, а во меѓувреме гледаме да се договориме со друг снабдувач на храна“, изјави портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.