24фудбал

Фекир со предупредување до Барселона: Ние немаме што да загубиме, сонував да играм во оваа фаза од ЛШ

Лион веќе приреди една сензација во групната фаза од Лигата на шампионите, откако славеше на гостувањето кај Манчестер Сити, а дали францускиот тим има сили за големо изненадување вечерва, останува да видиме.

Лига на Шампиони

Плејмејкерот на Лион, Набил Фекир вели дека Лион нема никаков страв во своите редови во пресрет на реваншот кај Барселона на Камп Ноу вечерва во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите, откако во Франција на првиот меч мрежите мируваа.

Французинот е опасност број еден кон голот на Каталонците, а тој запраша, ако веќе имаше изненадувања во оваа фаза, зошто и Лион да не го стори тоа.

Веќе имаше изненадувања во оваа фаза, зошто и ние да не го сториме истото?“ запраша Фекир на пресконференцијата пред вечерашната реванш пресметка.

Ние знаеме дека едноставно немаме што да загубиме тука, можеме да играме без притисок, нема никаков страв во нашите редови бидејќи знаеме со каков потенцијал располагаме, знаеме дека во составот имаме одлични фудбалери полни со самодоверба“ додаде тој.

Ова е голем меч за клубот но и за мене лично, сонував да играм во оваа фаза од ова натпреварување, тоа ми дава притисок кој јас го посакувам, ова ќе биде специјален меч, меч кој сите сакаме да го одиграме давајќи максимум од себе на теренот“ заклучи Фекир.