24фудбал

Непристојниот коментар на Нејмар по реваншот со Манчестер јунајтед може скапо да го чини Бразилецот

Бразилецот жестоко распали по УЕФА по одлуката за пенал на реваншот со Манчестер јунајтед, клучен момент во реванш пресметката кој Премиерлигашот го искористи, а сега за истите коментари му се заканува суспензија откако од Европската куќа на фудбалот потврдија дека почнале со истрага.

Лига на Шампиони

Европската куќа на фудбалот – УЕФА почна истрага за коментарите на првата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар на социјалните мрежи по елиминацијата на францускиот тим во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Иако ПСЖ славеше со 0-2 на гостински терен, пред своја публика во реваншот беше поразен со 1-3, а клучен момент беше пеналот во завршницата од мечот во Париз каде поради играње со рака на Кимпембе, со помош на ВАР технологијата беше одлучено да се досуди најстрога казна за Премиерлигашот, што во гол ја претвори Рашфорд, гол вреден четвртфинале за Манчестер јунајтед, односно елиминација за ПСЖ.

Ќе стават четворица кои немаат никакво разбирање од фудбалот за да прегледуваат снимки во забавена форма, ова не е можно... Како може ова да биде играње со рака кога е свртен со грб? Е*ете се!“ гласеше тогаш пораката на Бразилецот на социјалните мрежи.

УЕФА потврди дека поставила инспектор по ова прашање кој со својот тим ќе ги истражува коментарите на Бразилецот на социјалните мрежи, а доколку од таму одлучат дека првата ѕвезда на ПСЖ го прекршила етичкиот и дисциплински кодекс поставен од УЕФА, тогаш сигурно ќе следи голема суспензија за Нејмар.