24фудбал

Давид Луиз пред нов договор со Челси: Сите знаат колку го сакам овој клуб

Челси има посебна политика кон фудбалерите кои веќе имаат над 30 години, меѓутоа извесно е дека тимот од Лондон ќе направи исклучок за мошне важниот фудбалер од своите редови, кој наместо дополнителни 12 месеци, сака подолг престој во клубот.

Англија

Давид Луиз е мошне близу до потпишување на нов договор со Челси, Стандард Спорт на Островот ја најави оваа можност уште во октомври ланската година, а 31 годишниот бразилски дефанзивец е доста значаен за тимот од Лондон.

Бразилецот идниот месец ќе наполни 32 години, оваа сезона стартуваше на 34 натпревари за Премиерлигашот, пропушти само два меча од најсилниот англиски фудбалски шампионат актуелнава сезона, преговорите помеѓу обете страни течат веќе неколку месеци, а политиката на Челси е мошне јасна.

Премиерлигашот од Лондон има посебна политика за фудбалери кои веќе надминале 30 години, па така отворена беше опцијата за само дополнителни 12 месеци за Луиз, а самиот тој посакува повеќе од тоа.

Мислам дека тоа ќе се случи, ние се уште сме во преговори со клубот, сите знаат колку го сакам овој клуб, се чувствувам на свое, среќен сум, зададените задачи ги извршувам мошне добро и мислам дека тоа ќе се случи наскоро“ рече Луиз на прашањето дали ќе остане на Стемфорд Бриџ и идната сезона, односно дали ќе потпише нов договор.

Актуелниот важечки договор на Бразилецот истекува на лето, а последниот потпис од негова страна беше пред три години, кога се врати од ПСЖ каде настапуваше две сезони, а во Париз замина токму од Челси.